Царовска: Почетокот на наредната учебна година ќе зависи од епидемиолошката состојба
И во наредната учебна година министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека ќе се оди со безбеден пристап, а кој и каков ќе биде не зависи само од МОН, туку и од епидемиолошката слика, од ставот на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство.
Одговорајќи на новинарско прашње потенцира дека е сигурна оти ќе најдат сигурно решение.
-Оддлуката за новата учебна година ќе зависи од епидемиолошката состојба, се останато е шпекулација и е спротивно на интересите на граѓаните и учениците. Сите се пред време информирани, пред време обучувани, пред време поставени сите елементи. И оваа година ќе знаат на време кога и како ќе се почне учебната година. тоа не зависи само од Министерството за образование и наука, туку и од епидемиолошката слика, од ставот на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство и јас сум сигурна ќе најдеме најдобро можно решение затоа што гледате дека оваа година бевме една од ретките земји која што немашев воопшто застанување на образовниот процес надвор од календар. Како ветивме дека ќе почнеме, така и ја завршуваме учебната година. Од една страна образованието без прекин се спроведуваше, а од друга страна се заштити јавното здравје на учениците и настваниците, рече таа.
И наредната година, истакна Царовска, ќе одиме со безбеден пристап, кој и каков ќе биде, кога ќе одлучиме јавноста ќе биде информирана. – Да ја завршиме соодветно оваа учебна година, да ја спроведеме матурата и понатаму да донесеме одлука на кој начин ќе почнеме од 1 септември, рече таа.
Царовска информира дека Министерството за здравство, наставниците од прво до трето одделение ги има ставено во приоритетната листа за вакцинирање.
– Сега следува следна фаза. Ние етапно ги ипраќаме списоците на наставниците, посочи министерката Царовска.
Ново на Сител
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
