Царовска: Се грижиме за секој поединец во државата
Се грижиме за секој поединец во државата, а како Влада работиме и на други услуги во функција на пензионерите, истакна вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска за време на посетата на Општина Битола.
Придружувана од градоначалничката Наташа Петровска, министерката Царовска од битолските пензионери беше информирана за новините во нивната работа, новиот Клуб на пензионери и други активности.
-Со пензионерите во Битола разговаравме за покачувањето на пензиите, а бев информирана дека тие како едно од најголемите здруженија во државата се развиваат и ги подобруваат условите каде што секојдневно се дружат. Нашата идеја е да се грижиме за секој поединец во нашата држава и тоа го покажавме. Од една страна го зголемивме нивниот приход, пензиите, и тоа за 722 денари во месец јануари со февруарската исплата на пензијата, а тие финансиски средства продолжуваат и стануваат дел од основицата на пензиите.Тоа значи дека во оваа година пензионерите ќе добијат по околу 9.000 денари на нивните сметки. Нам исто така важни ни се социјалните услуги кои што го поддржуваат живеењето на сите граѓани и токму затоа како Влада работиме на услуги во домот, а грижата во домот е современ европски концепт со кој се помага на оние пензионери кои не можат сами да се грижат за себе, изјави Царовска.
Според градоначалникот на Битола Наташа Петровска, отворањето клубови за пензионерите, од пензионерските здруженија, значи вложување на средства од пензионерите за пензионерите.
-Покажавме успешна реализација на социјалните политики кои ги допираат најранливите категории и во таа насока ние можеме да направиме уште повеќе. Здружението на пензионери во Битола од денес има нов Клуб на пензионери, а претходно изградија пристапна рампа за лица со попреченост. Тоа значи дека парите на пензионерите завршуваат кај пензионерите, а отворањето на клубови во месните заедници е потврда за вистинската грижа за членовите, рече Петровска.
Ново на Сител
-
Израелската армија изврши најмалку осум воздушни напади врз Бејрут
-
Украина загрижена поради наводите дека Северна Кореја и со војници ќе ја поддржи Русија
-
АХВ: Потврден птичји грип кај угината гуска, убиени 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка кои биле во зоолошката
-
Силен земјотрес ја погоди Грција
-
Прилеп ќе ги награди пожарникарите со 900 000 денари за пожртвуваноста за справување со големиот пожар во Мариово
-
Мицкоски: До средината на ноември субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20 000 земјоделци
-
За небаждарен тахограф на автобус изречена глоба од 3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице
-
Галетановски: Смртоносна бактерија “птичји грип” е најдена во Зоолошка