Бизнис
28. July 2020 - 11:57

Царовска: Се преговара за нов пакет економски мерки

-Се преговара со бизнис секторот за нов пакет економски мерки за стопанството, но во овој момент не може да се носат уредби и пакети. Очекуваме да се формира наскоро нова Влада и на тој начин да се донесе и четврт пакет за поддршка и на граѓаните и на стопанството, рече вицепремиерката Царовска.

Посочи дека во моментов тече и програма за поддршка на инвестиции за која кај компаниите има интерес. Царовска посочи дека нема да пропаднат ваучерите за кои беа приложени приговори ќе биде само пократок рокот за нивно трошење.

 

 

Ирена Чачкова