Целата вселена е можеби само симулација

Физичарот Нил де Грас Тајсон вели дека се што гледаме околку нас можеби воопшто не е реално.
На овогодишната Меморијална дебата „Исак Асимов“, која се одржа во Природнонаучниот музеј во Њујорк, е поставено прашањето дали вселената е всушност само симулација.
И додека мислењата на некои научници биле мошне утешни, размислувањата на некои од нив се помалку вознемирувачки.
Физичарката Лиса Рендал изјави дека веројатноста дека вселената не е реална е речиси непостоечка, еднаква на нула.
Од друга страна славниот астрофизичар Нил де Грас Тајсон, кој ја водеше дебата, изјави дека веројатноста дека вселената е симулација може да биде мошне висока.
Прашањето за тоа дека вселената е реалност ги окупира мислителите веќе долго време, многу пред Декарт да ја изнесе позната мисла „Мислам значи постојам“. Истото прашање се истражувало и во популарните филмови „Матрикс“ и „Егзистенс“.
Повеќето физичари и филозофи се согласуваат дека е невозможно дефинитивно да се докаже дека не живееме во симулација и дека веселената е реалност.
Тајсон се согласува, но исто така наведува дека не би бил изненаден доколку се открие дека некој друг е одговорен за нашата вселена.
Еден од главните аргументи кои ги користат физичарите, кога разговараат со хипотезата за симулација е тој дека може да се докаже дека е можно да се симулира вселената, ако се откријат сите закони кои управуваат со се и начините на кои се функционира, би значело дека е многу голема веројатноста дека се е симулација.
Тајсон нагласува дека луѓето себе отсекогаш се дефинирале како најпаметни живи сушствества, многу поинтелегентни од на пример шимпанзата, со кои делиме 99 отсто од нашата ДНК.
Но Тајсон го користи експериментот на замислување на форма на живот, многу попаметен од нашиот, онолку колку што ние сме попаметни од кучињата, мачките и другите цицачи.
- Како ние на нив би им изгледале? Ние за нив би биле лигави, брбливи идиоти, вели Тајсон.
Ново на Сител
-

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал
-

Висоцки: Во руските напади уништени се 90 проценти од логистиката на малопродажните синџири за храна во Украина
-

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела
-

Трамп му објави војна на „одвратниот монопол“ на американските преработувачи на храна
-

ЦУК: Осум активни пожари, три под контрола
-

Работник на телекомуникациска компанија паднал од бандера и починал во Елшани
-

Приведена 23-годишна жена во Македонска Каменица – ја нападнала свекрвата, па фрлила нож кон свекорот
-

Венецуелка нападната во апартман во Скопје, напаѓачот ѝ одзел два телефона
