Свет
20. November 2018 - 22:25

Целиот свет му се смее на канадскиот премиер, еве каква грешка направи во Индија

Кога политичарите одат во државни посети, често укажуваат почитување кон земјата домаќин така што облекуваат некоја нивна традиционална облека. Мислат дека тоа е кул.

И додека навистина овој вид гардероба може да изгледа одлично, некогаш тоа може да им се удри од глава.

Тоа ни покажа и еден од, реално најдобро облечените луѓе во меѓународната политика, канадскиот премиер Џастин Трудо, на своето патување во Индија.

 
Носел индиска облека во буквално секоја прилика, а и семејството го облекол во сари и дотии. И додека некои од овие изданија, гледано од моден агол, се сосема прифатливи, Џастин направи огромна грешка поради која сите му се потсмеваа.

На фотографијата горе носи традиционална носија на младоженец. И никој тоа не му го рекол!