-->
-->
Цело школо плачеше на гробот на Милица
-->

Стотина роднини, пријатели, ученици од школото, вчера ја испратија во вечниот дом 19-годишната Милица Милојковиќ која загина во страшна сообраќајка враќајќи се од прослава на училиштето.
Ниту еден од присутните не можеше со своите зборови да ја утеши мајката на Милица која едвај стоеше на нозе и лелекаше од болка по загубеното чедо.
За потсетување, девојчето од Крагуевац тргнало на прослава по повод патронатот на на Средното техничко училиште каде учи. На патот до прославата се случила страотна сообраќајна несреќа во која Милица загинала на лице место, додека нејзината другарка е тешко повредена.
Автомобилот марка Пежо во кое била сега починатата матурантка, го управувал Марко Коматовиќ, исто така нејзин другар и соученик. Тој е надвор од животна опасност и покрај повредите со кои се здобил.
Сите ученици биле од IV-3, а тој ден традиционално се собирале. Децата вечерта се враќале во колона. Имало пет автомобили кои тргнале кон дома по играњето, скарата и смеата. Додека автомобилите се движеле, се слушнал страшен звук. Марко со својот автомобил завртел, и тогаш направил сообраќајка. Целите биле во крв.
Семејството на младата Милица било организатор на ова дружење. Тие се завиени во тага и болка.
По увидот ќе се знае точната причина за несреќата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведен кавадарчанец, со 3,13 промили алкохол во крвта агресивен бил кон полицајци
-

Минатата недела санкционирани 114 непрописно паркирани возила во Центар
-

Дел од скопско Бардовци без вода
-

Еден загинат и тројца исчезнати во несреќа со мигранти на грчкиот остров Самос
-

Мобилен пронајден во келијата на газдата на „Пулс“
-

Мачките без влакна забранети во Холандија од 1 јануари
-

Лазаров: Промашивме пет пенали, така не може да се дојде до добар резултат
-

Од почетокот на декември 18.318 сообраќајни прекршоци, приведени 123 лица за безобзирно управување на возило
