Целосно сончево затемнување над САД

Првпат по 99 години, денеска ќе се случи целосно сончево затемнување над САД, од западниот па се до источниот брег.
Оваа појава предизвика огромен интерес бидејќи денешното целосно сончево затемнување е прво над САД во 21. век и прво уште од 1991 година. Претходното можело да се набљудува само од Хаваите. Над континенталните држави целосно затемнување немало во последните 38 години, но и тогаш било само над северозападниот дел од земјата. Целосно затемнување, кое минува над целата држава, е многу ретка појава и последен пат се случило на 8 јуни 1918 година.
Доколку не биде облачно, Линколн Бич во Орегон ќе биде првиот континентален американски град, каде ќе може да се види целосното затемнување во 10,16 часот по локално време (17,16 часот по Гринич). Сенката ќе премине преку 14 држави, а нејзината широчина ќе изнесува околу 113 километри. Најдолгото целосно сончево затемнување ќе се забележи околу Карбендејл, Илиноис и ќе трае две минути и 40 секунди, соопшти НАСА.
Оваа несекојдневна појава ќе заврши во 14,48 часот по локално време (18,48 часот по Гринич) над Чарлстон во Јужна Каролина.
Ново на Сител
-

Заврши заложничката драма во Берлин
-

Утре продолжуваат преговорите помеѓу САД и Иран
-

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари
-

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
