Цената на барел нафта на светските берзи порасна за повеќе од два долари
Цените на нафтата на меѓународните пазари денеска се зголемија за повеќе од два долари за барел, продолжувајќи го растот втор ден по ред поради намалените залихи на сурова нафта и зголемената побарувачка на бензин во САД.
Цената на барел нафта на лондонскиот пазар порасна за 2,09 долари на 108,71 долари, откако вчера поскапе за 2,22 долари.
На американскиот пазар цената на барелот се зголеми за 2,36 долари, на 99,62 долари, по вчерашниот раст од 2,28 долари.
– Вчерашниот раст на светските берзи, по зголемувањето на каматните стапки од страна на американската централна банка ФЕД и попуштањето на курсот на доларот, ја поддржа цената на нафтата. Тоа го поткрепуваат и официјалните неделни податоци на американската влада за резервите на гориво, изјави Тамас Варга од PVM Oil Associates.
Залихите на сурова нафта во САД минатата недела паднаа за 4,5 милиони барели, додека побарувачката за бензин во САД се зголеми за 8,5 отсто, покажуваат податоците на американската Влада.
Во посебен извештај, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) денеска соопшти дека барел од нафтената кошничка на нејзините членки вчера изнесувал 108,11 долари, што значи дека е ослабел за 1,25 долари во однос на претходниот работен ден.
Ново на Сител
-

Една одлука спасува 8 човечки животи – органодонорството како најголема светилка во животот
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската амбасада
-

САД и Иран постигнаа договор за прекин на војната и отворање на Ормутскиот теснец
-

Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за можен договор за крај војната САД – Иран
-

Поскапуваат горивата
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската Амбасада
-

Марта Кос: Денеска е “Мега понеделник” за проширување на ЕУ – Украина и Молдавија ги почнуваат преговорите
