-->
-->
Цената на нафтата повторно падна
-->

Цените на нафтата денеска паднаа на нов тримесечен минимум, откако повторно зајакнаа стравувањата од глобална презаситенот на понудата во пресрет на извештајот за нивото на американските резерви.
Цената на американската лесна нафта се намали за 22 центи на 42,7 долари за барел, додека северноморскиот „брент“ поевтини за 25 центи на 44,62 долари.
Падот на цените следеше по тридневната зголемена побраувачка на енерегенсот.
Американската Управа за енергетски информации треба денеска да го објави својот извештај за нивото на резерви. Аналитичарите во своите предвидувања наведуваат дека резервите на бензин минатата недела се зголемиле, додека резервите на нафта продолжиле да се намалуваат веќе десетта недела по ред.
Инаку, според последната одлука на Комисијата за Енергетика, Дизелот поевтини за денар, цената на бензините остана непроменета. Од вторникот цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит. Цената ената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 36,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалуи за 0,150 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 11.07.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 22,763 ден/кг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Центар и потпретседател на СДСМ
-

Мицкоски: Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
-

Можен рестарт на рафинеријата „Окта“
-

Кромберг и Шуберт ќе отворат нов погон во Битола и ќе вработат 2.000 лица
-

„Див запад“: Неповолен извештај на ДЗР за работата на општина Кичево
