Цената на вакцината „Спутник V“ ќе изнесува 21 евро за две дози
Руското Министерство за здравство ја утврди максималната цена на вакцината против коронавирусот „Спутник V“ на 1.942 рубли за две дози или 21,5 евра, изјави Алексеј Кузнецов, помошник министер за здравство.
„Министерството за здравство на Русија ја регистрираше максималната цена на вакцината за спречување на коронавирусот ‘Спутник V’, што е развиена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија ‘Гамалеј’. Тоа е 1.942 рубли за две дози”, изјави тој.
Кузнецов додаде дека цената на кутијата со пет комплети од две дози е утврдена на 9.710 рубли или околу 108 евра.
„Вакцинацијата на руските граѓани ќе биде бесплатна и апсолутно доброволна“, истакна тој.
Руската влада претходно ја додаде вакцината на списокот на витални и основни лекови.
Ново на Сител
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024
-
Шарпланинецот Љубо од одгледувачницата на прилепското семејство Каравилоски стана светски шампион