Цените на горивата остануваат исти, поскапува мазутот
Цените на бензините и дизел горивата остануваат исти, а од ноќеска на полноќ се зголемува цената на мазутот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 отсто.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 67 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 и понатаму ќе се продава за 69, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 61,5, а Екстра лесното масло за домаќинство
(ЕЛ-1) за 50,50 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,929 денари за килограма се зголемува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,407 денари за килограм.
Како причина за промена на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемувањето на цената на светскиот пазар во изминатата недела кај бензинот за 0,85, а кај дизелот за 1,21 отсто, како и за 0,43 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.
Ново на Сител
-
Компаниите од штипската тир зона не се заинтерсирани за вклучување во дуалното образование
-
Дел од еколозите против издавањето на езерото под концесија
-
Преглед на вестите од светот
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети