Фудбал
8. August 2017 - 17:49

Цените на картите за Вардар – Фенербахче речиси исти како за Супер купот

 
 
 Од утре (среда) почнува продажбата на билети за натпреварот од плејофот за Лига Европа меѓу Вардар и Фенербахче. 
 
Македонскиот првак Вардар ги објави цените на влезниците, кои речиси се исти како и за Супер куп мечот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. 
 
Така најевтината влезница за мечот Вардар – Фенербахче ќе чини 2.000 денари за источната и западната трибина, односно 2.500 за блоковите 1, 6, 13 и 19, и најскапата по цена од 3.000 денари за јужната и северната трибина. 
 
Од таборот на црвено-црните потенцираат дека имателите на Вардар ПАС билети, оние гледачи кои беа пристугни на натпреварите со Копенхаген или Малме во ЛШ, и оние кои што ќе приложат билет од некој од минатосезонските натпревари на ФК Вардар, имаат 50% попуст при купување на билет. За нив билетите ќе чинат 1.000, 1.250 и 1.500 денари.
 
Поради големиот интерес и од безбедносни причини, јужната трибина на „Телеком Арената“ ќе биде резервирана за навивачи на Фенербахче. Навивачи на Вардар и неутрални гледачи, можат да купуваат билети само за западната и за северната трибина од стадионот. 
 
При купување на билет, секој ќе мора да приложи документ за идентификација (лична карта, пасош). 
 
Мечот меѓу Вардар и Фенербахче во Скопје ќе се игра на 17 август.