Цените на нафтата паднаа под 106 долари
Цените на нафтата денеска паднаа под нивото од 106 долари на меѓународните пазари, бидејќи фокусот повторно е ставен на знаците за слабеење на побарувачката поради напорите на централните банки да ја ограничат инфлацијата со повисоки трошоци за задолжување.
На лондонскиот пазар цената на барелот за испорака во септември попладне беше пониска за 1,68 долари во однос на вчерашното затворање и изнесуваше 105,67 долари.
На американскиот пазар барелот за испорака во август се тргува по пониска цена за 1,82 долари, односно за 102,40 долари. Повеќе се тргуваше со барели за испорака во септември со пад од 1,79 долари на 98,94 долари.
Во меѓувреме, Либија го отвори пристаништето Ес Сидер за извоз на нафта, се вели во денешното соопштение за медиуми на Министерството за нафта.
Во посебен извештај, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) денеска соопшти дека барел од нафтената кошница на нејзините членки во вторникот изнесувал 110,27 долари, што значи дека поскапела за 1,51 долар во однос на претходниот работен ден.
Ново на Сител
-
Меџити: Има добра волја за уставни измени
-
Ковачки: СДСМ да ја поддржи стратегијата
-
СДСМ: Сиљаноска да одговори зошто помилува тешки криминалци
-
Шест нови авио линии
-
Перински: Никој жив не може да пресмета колку должи ЈСП
-
ССМ охрабрени по ветувањата што им ги дал премиерот
-
Владата не очекува раст на цените
-
Трипуновски: Исплата на сите заостанати субвенции