-->
-->
Центарот на Скопје без парно
-->

Строгиот центар на Скопје утрово е без парно греење поради дефект на магистралниот вод од дистрибутивната топлинска мрежа од топлана Исток.
Од компанијата „БЕГ“ која е задолжена за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија информираат дека екипи работат на санација на дефектот и оти се очекува околу пладне корисниците од овој дел на градот да добијат парно.
- Според проценката се очекува во најбрз рок, за два часа дефектот да биде саниран, по што ќе следи полнење на водот и нормализирање на испораката на топлинска енергија. Греењето се очекува да се стабилизира околу пладне, велат од „БЕГ“.
За дополнителни информации граѓаните можат да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
