Центарот за култура-Битола одбележува 37 години постоење

Националната установа Центар за култура-Битола денеска одбележува 37 години постоење.
На денешната прес-конференција во Битола, в.д. директорот Зоран Димовски говореше за историјатот на НУ Центар за култура, просторните услови за работа и можностите кои ги нуди таа установа за културниот и јавниот живот во градот.
- Годинава роденденот на НУ Центар за култура ќе го одбележиме со концерт на Камерниот оркестар кој работи под покровителство на наштата национална установа. Концертот ќе се одржи в недела и ќе доминира поп и поп-рок музика со настап на неколку женски вокали. Спектаклот не треба да се пропушти и ќе има вистинско уживање во композииците што ќе бидат исполнети во големата сала на Центарот за култура кој очекуваме да наликува на светски познатите музички сцени, посочи Димовски.
Ново на Сител
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
-

Од утре променливо време со дожд и грмежи
-

Трошоците на животот во април на годишно ниво зголемени за 5.7 %, а цените на мало за 5.0 %
-

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-

Мицкоски: Според применетите мерки, како држава сме во првите три во Европа, тоа го потврди и ММФ
