Церар: Хрватска би можела да испраќа имигранти преку Истра во Италија

Словенечкиот премиер Миро Церар во Брисел изјави дека има информации оти по поставувањето на оградата на словенечко-хрватската граница, Хрватска би можела да почне да ги насочува имигрантите преку Истра кон Италија.
- Пред некое време добив посебна најава дека хрватската страна според своите потреби, ќе испраќа имигранти во поголеми групи преку Истра во Италија, изјави Церар, кој во Брисел учествува на Самитот на ЕУ.
Тој не појасни од каде ги добил овие информации, но додаде дека тие треба сериозно да се сфатат. Церар потенцираше дека оградата е потребна во тој сектор, потсетивајќи дека Италија одлучи на границата со Словенија и Австрија да распореди војници кои ќе внимаваат на терористичките ризици и можноста од илегалната трговија со луѓе.
Во врска со апелот на претставници на словенечките и хрватските погранични општини за отстранување на оградата, за која сметаат дека е непотребна, Церар рече дека ја разбира загриженоста на локалните власти и жителите на Истра и на другите места на границата.
- Во Истра поставивме само неколку километри ограда и тоа крај граничните премини, истакна Церар, додавајќи дека жицата би можела да биде отстранета, ако по неколку месеци се покаже дека не постои ризик од доаѓањето на имигранти.
Ново на Сител
-

Што државата треба да преземе за да се справи со кризата
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Психолог од Битола во притвор, осомничен во истрага за детска порнографија
-

Државата ќе проценува кои препораки за штедење гориво се применливи кај нас
-

Поскапе храната во светот, објави ФАО
-

Три нови услуги за високо образование воведени на порталот Е-услуги
-

Ректорите на државните универзитети потпишаа Меморандум со агенцијата ИНОВА: Поддршка за истражувања и студентски стартапи
-

СДСМ бара Уставен да ги укине измените на Законот за внатрешни, ВМРО-ДПМНЕ: СДС не треба да зборува за безбедноста
