-->
-->
Чао Монтела, бенвенути Гатузо
-->

Калчолигашот Милан го отпушти тренерот Винченцо Монтела и на неговото место го постави поранешниот фудбалер на овој клуб, Џенаро Гатузо.
Информацијата дека Монтела добил отказ клубот ја потврди и на својот профил на „Твитер“.
Милан во летниот преоден рок за реконструкција на тимот вложи речиси 200 милиони евра, беа донесени играчи кои ги бараше тренерот Монтела, но сезонава тимот бележи лоши резултати.
Монтела со Милан на последните 11 натпревари во сите натпреварувања забележа само три победи.
Негов наследник е легендата на Милан, Џенаро Гатузо, кој претходно го предводеше младинскиот тим.
Гатузо ќе дебитира на 3 декември на дуелот со најслабиот тим во Серија А, Беневенто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бројот на жртвите во поплавите во Непал се искачи над 600
-

Зеленски се закани дека ќе ја нападне Русија со 1.000 дронови дневно
-

На Исланд референдум за продолжување на преговорите со ЕУ
-

На Исланд референдум за продолжување на преговорите со ЕУ
-

Денес се празнува Преподобен Јоаким Осоговски
-

Трамп: Со Венецуела е постигнат „најголем договор за нафта во историјата на светот“
-

Зеленски: САД го информираа Киев за состаноците во Москва
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
