Џет-Сет
22. March 2017 - 20:56

Чарли Шин крена паника во Холивуд: Откри шокантни детали за ѕвездите со ХИВ

51- годишниот актер се присети на едно од неговите снимања во 2013 година, кога Лохан дошла пијана на сет и повраќала, а потоа се согласила да се придружи на приватната афтержурка во неговата вила. “На крајот ме одведе во кревет, ме покри и рече: Убави соништа, принцу. Ништо не се случи после тоа”

Чарли откри и дека имал повик од Лејди Гага за снимање на првиот 18+ видео клип за MTV, во кој таа, Лохан и Бритни Спирс глумеле стриптизети, а во кој Гага како од “мајка родена” би му играла.

Гага би се согласила на таква сцена само доколку Шин и е партнер.

“Ќе бидам гола. Дали си спремен за тоа? – ме праша. Јас сум спермен роден, и одговорив јас.” – раскажува глумецот во детали за проектот кој не е реализиран.

Во крајниот дел од интервјуто Шин призна дека знае неколку холивудски ѕвезди кои се како и тој ХИВ позитивни, но ги почитува нивните одлуки да не зборува јавно за тоа. “Нивната тајна ќе ја однесам во гроб со мене”

Ново на Сител