Чартер летови Истанбул - Охрид од 15 април до октомври
Нова чартер линија Истанбул - Охрид - Истанбул се воведува од 15 април годинава и ќе биде активна до октомври, соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).
Ова е договорено меѓу македонската компанија БТБ Тур и турската Татил Будур на туристичката берза ЕМИТТ во Истанбул, Турција, а аранжманите се веќе во продажба.
На берзата, пред 700 учесници од 80 земји и посетеност од над 50.000 луѓе, АППТ го претстави туристичкиот потенцијал на Македонија и ја доби наградата за најдобро организиран штанд. Наградата ја додели директорот на саемот Хаџер Ајдин.
Тимот на АППТ оствари состаноци со тур-оператори од Турција, САД, Индија, Кина и Виетнам, додека турски тур-оператори кои досега ја немаа вклучено Македонија во својата понуда, покажаа интерес тоа да го сторат веднаш.
Glorious DMC, Acenzi Travel, Sinope Tours, Aleria Travel&Leisure, Mahima Tours, BekTravel, Perfect Teavel, Amari tour се само дел од оние кои иницираа состанок за да дознаат повеќе за Македонија, но и да дознаат за можностите кои им ги нудиме како дестинација кои би довеле до соработка.
Ново на Сител
-

Над 200 корисници преку проектот ТРАНСАКТ добиле бесплатни интегрирани социјални услуги и здравствени услуги
-

Штип очекува 1 милиони евра од данок на имот за 2026-та
-

Преглед на вестите од светот
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
