Кошарка
28. јуни 2016 - 17:22

Чави Пасквал од Барселона се сели во Лаборал Куча

 Долгогодишниот тренер на шпанскиот кошаркарски гигант Барселона, Чави Пасквал од „Блау Грана’’ се сели во Лаборал Куча.
 
По поразот од „лутиот“ ривал Реал Мадрид во финалето на шпанското првенство, медиумите во Шпанија, почнаа со шпекулациите за отказ на Пасквал. Истите, се конечно се обестинија, па Пасквал повеќе не е тренер на Барселона. 
 
По осум години бројните освоени трофеи, Пасквал заминува, а како најсериозен кандидат за негов наследник се споменува името на литванската легенда Шарунас Јасикевичиус.
 
Според шпанските медиуми, Пасквал е блиску до ангажман во редовите на Лаборал Куча, тим од кој си замина хрватскиот тренер Перасовиќ. Составот од Виторија и следната сезона ќе игра во Евролигата, а искуството и квалитетот на Пасквал, секако се причина повеќе раководството на тимот брзо да реагира и да го доведе Пасквал во „Буеса арената“. 
 
За разлика од Барселона, раководството на шампионот Реал Мадрид потврди дека соработката со Пабло Ласо продолжува до крајот на сезоната во 2018 година.