Чавков на ГП Табановце-„Летна кампања 2015“
На граничниот премин Табановце во рамки на превентивната сообраќајно-едукативна акција „Летна кампања 2015 година“ денеска министерот за внатрешни работи Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски ќе им поделат флаери на возачите кои транзитираат или престојуваат во Македонија.
Од денеска на сите граничните премини во државата полициските службеници од граничната полиција ќе делат флаери на англиски јазик со едукативна содржина, со кои им се посакува добредојде на странските гости и им се укажува да возат безбедно и да ги почитуваат правилата и прописите. Флаерите содржат и препораки и совети да се внимава на летните горештини и да прават почести одмори при патувањето.
Ново на Сител
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола