Чавков:Ќе се преземат мерки за безбедноста на македонските граѓани кои престојуваат во Турција

МВР ја следи состојбата во Турција и е во постојан контакт со МНР и во координација со безбедносните сили, истакна денеска ресорниот министер Митко Чавков.
Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на плажата во Сливница, тој посочи дека ќе преземат мерки за безбедноста на македонските граѓани кои во моментот престојуваат во Турција.
- Будно ги следиме состојбите во Турција. Во текот на денешниот ден имаме координација со безбедносните служби и ќе произлезат одредени заклучоци во однос на превенирање или преземање на наши активности во однос на безбедност на нашите граѓани кои во моментот престојуваат во Турција. Ќе се координираме и во рамките на безбедносните сегменти во државата и со Министерството за надворешни работи. Во тек се таквите консултации и јавноста ќе биде информирана и запознаена за следните чекори.
Ново на Сител
-

Крушево ја започна празничната бајка која што ќе трае од викендов па се до Бадник
-

Преглед на вестите од светот
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
