-->
-->
Чавушоглу: Анкара ќе ја поништи спогодбата за реадмисија со Грција
-->
Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави дека Анкара ќе ги преземе сите потребни мерки, вклучувајќи го и поништувањетом на билатералната спогодба за реадмисија со Грција.
Врховниот суд на Грција вчера одлучи осумте турски воени лица кои по обидот за преврат во јули пребегнаа на грчка територија, да не бидат екстрадирани во Турција. Тоа решение предизвика незадоволство кај Анкара и дополнителна затегнатост во односите меѓу двете земји, објави турската телевизија „ТРТ Хабер“ на својот Твитер налог.
- Ќе ги преземеме потребните чекори, меѓу кои и поништување на билатералната спогодба за реадмисија помеѓу нашата земја и Грција, рече Чавушоглу.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Социјалните работници ги нема во институциите
-
Охрид со бројните цркви е привлечен за туристите
-
Трогателен хуман гест на 18 годишниот Андреј О. Зрновци
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници