Чавушоглу: Турција не ја брани Москва
Барањата на Русија мора да бидат исполнети за житото да стигне до оние на кои им е потребно, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Коментирајќи го продолжувањето на договорот за испорака на жито преку Црното Море, тој појасни дека барањата на Русија мора да бидат исполнети за да се обезбеди пристапот до храна на оние на кои им е потребна, јави агенцијата Анадолија.
– Турција не ја брани Русија, но, свесна е дека ова е договор во кој мора да се исполнат руските барања со цел житото да стигне до оние на кои им е потребно, појасни Чавушоглу на прес-конференција.
Тој изрази надеж дека ќе дојде до прекин на огнот и крај на војната во Украина, преку дипломатски преговори, со цел повеќе да нема потреба од продолжување на договорот за испорака на жито.
Договорот за црноморскиот житен коридор вчера беше продолжен за 120 дена.
Ново на Сител
-

Министерката Јаневска во инспекција во студентскиот “Стив Наумов” по обвунувањата дека домот се распаѓа
-

Од 1 мај ќе се лета од Скопје до Тиват, со автопатот Скопје - Блаце побрз пристап до пристаништето Бар
-

Хакерски напад тежок 6,3 милијарди долари, најголем во историјата на криптовалутите
-

Од полноќ изборен молк за Брвеница
-

СДСМ обвинува за сомнителни банкарски трансфери
-

Народна банка: Сомнителните трансакции ќе бидат предмет на проверки
-

Преглед на вестите од светот
-

Обвинетиот за потпалувањето на колите на бугарската амбасада призна вина
