Балкан
16. February 2016 - 23:40

Чавушоглу: Турција сака копнена операција во Сирија, но нема консензус во коалицијата

Турција, Саудиска Арабија и европски сојузници сакаат копнена операција во Сирија, но нема консензус во коалицијата и не е сериозно разгледувана стратегија за таковиот чекор, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, објавија турски медиуми.

– Некои држави како нас, Саудиска Арабија и некои западноевропски држави тврдат дека копнена операција е неопходна. Но, да се очекува тоа само од Ријад, Анкара и Катар не е правилно ниту реалистично, истакна вели Чавушоглу.

Тој додаде дека таква операција би требало да биде спроведена заеднички.

- Коалицијата не разговарала сериозно за копнена операција. Имаше противници, имаше и такви кои не би учествувале, но изразија желба Турција или други држави тоа да го направат, посочи Чавушоглу.