Свет
4. September 2017 - 16:00

Чеченците протестираат против „геноцидот“ во Мјанмар

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров изјави дека во Мјанмар се врши „геноцид“ врз муслиманите, што предизвика десетина илјадници лица да го поддржат и да излезат на протест во Грозни.

Речиси 400 лица загинаа во судирите меѓу службите за обезбедување на Мјанмар и муслиманските бунтовници од покраината Рохингва, кои избија поради меѓусебните обвиненија за злосторства, во тој дел на земјата.

Како чин на поддршка кон малцинските сили на Рохингва, денеска е одржан голем собир во Грозни, главниот град на Чеченија.

Во обраќањето пред демонстрантите, Кадиров го спореди насилството над Рохингите (етничка група која не е признаена од власта) со холокаустот и најави дека ќе се спротивстави и на официјална Москва, доколку ја поддржи војската на Мјанмар.