Чеферин му го честита изборот на Омерагиќ за претседател на ФФМ
Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин му го честиташе денеска изборот на Масар Омерагиќ за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Поранешниот фудбалер на Слога Југомагнат и Вардар, и долгогодишен спортски работник, 51-годишниот Омерагиќ во неделата беше избран со акламација за прв човек на македонскиот фудбал, наследувајќи го Муамед Сејдини.
Потенцирајќи дека оваа година се одбележуваат 30 години од членството на ФФМ во УЕФА, Чеферин во писмото до Омерагиќ посочи дека ФФМ изминатите три децении „сработи многу во градењето и развојот на фудбалот‘ и изрази уверување дека новото раководство ќе продолжи со напредокот.
„Масар, бидејќи одблизу го знаете притисокот од играњето и менаџирањето со фудбалот на највисоко ниво, верувам дека со сето срце ќе го прифатите потенцијалот на фудбалот во Македонија и ќе продолжите да ги бележите точките за напредок, кои вашата федерација и вашата држава го заслужуваат“, порача Чеферин во писмото до Омерагиќ.
Ново на Сител
-
Рос Браун: Во историјата на Ф1 нема подобар од Шумахер
-
Министерство за транспорт: Патиштата се расчистуваат, да се вози внимателно
-
МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно
-
Машина за снег се излизга на патот Гевгелија-Богданци, во целосен прекин сообраќајот
-
Напредок во преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и ослободување на заложниците
-
Почнуваат зимските попусти во Грција
-
Најмалку 11 рудари загинаа во експлозија во рудник за јаглен во Пакистан
-
Снежен бран во Грција – затворени училишта во северниот дел на земјата