-->
-->
Челик: Под овие услови нема смисла примената на договорот за мигрантите
-->
Турскиот министер за ЕУ, Омер Челик, денеска изјави под сегашните услови нема смисла да се продолжи со примена на спогодбата за мигрантите, склучена меѓу Турција и ЕУ, јави ТАСС.
- Турција ги исполни сите свои ветувања од спогодбата, а ЕУ не исполни ниту едно. ЕУ не направи ниту еден чекор во сферата на прифатот на бегалците во рамки на нивното доброволно раселување. Во пракса за Турција беше даден само многу мал дел од ветувањата за финансиска помош, рече Челик.
Тој нагласи дека во исто време не е реѓено ниту прашањето поврзано со визната либерализација за турските државјани при патување во ЕУ.
- За нас нема никаква причина да ја продолжиме примената на оваа спогодба, рече министерот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?
-
Вистинските пчелари во акција против фалсификаторите на мед
-
Охридското езеро во еколошка криза
-
Преглед на вестите од светот