Челинџ куп: Вардар Јуниор домаќин на Карпати

Македонскиот претставник во Челинџ купот Вардар Јуниор денеска го игра првиот натпревар од четвртфиналето. Во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе гостува украинската екипа Карпати, која се наоѓа на лидерското место во лигата на Украина.
Избраничките на тренерот Симе Симовски со четири победи на четирите натпревари одиграни досега (сите на домашен терен) стигнаа до четвртфиналето, а вистинската проверка на силите „младите вардарки“ ќе ги имаат во дуелите со Карпати. Тоа е екипа со сличен квалитет и со нешто поискусни ракометарки.
- Треба да одиграме како што знаеме и со тоа да постигнеме добар резултат, кој ќе ни овозможи да одиграме растеретено на гостински терен во реваншот, истакна Симовски.
Со исклучок на повредената Ангела Тодоровска Вардар Јуниор ќе настапи во комплетен состав, а ракометарките најавија максимална борбеност и ангажираност.
Натпреварот Вардар Јуниор – Карпати почнува во 18:30 часот.
Инаку, веќе се познати два полуфиналисти. Тоа се екипите на Кастамону (Турција) и Гран Канарија (Шпанија). Кастамону кој е потенцијален ривал на Вардар Јуниор двата натпревара ги одигра дома со Вирто (Холандија) и оствари вкупен триумф со 52:46 (27:23 и 25:23), додека Гран Канарија во двата дуела на домашен терен ја победи екипата Извор од Србија со 35:25 и 27:19 или вкупни 62:44.
Во првиот натпревар од четвртфиналето Старт Елбаг победи со 29:25 против Измир.
фото: www.zrkvardar.mk
Ново на Сител
-

Денес сончево со локална облачност
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
-

Фатени на камера, со натписи „УЧК“ вандализиран Српскиот културен центар во Куманово | ВИДЕО
-

Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
-

Ќерката на Гоце Тодоровски: Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, сега барем знам дека сте заедно
-

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
