Фудбал
28. April 2016 - 14:10

Челзи го сака Наинголан од Рома

Раководството на Челзи понуди 30 милиони евра за Белгиецот Раџа Наинголан кој настапува во редовите на Рома но од Рим бараат 10 милиони повеќе пишува Газета Дело Спорт. 

Наинголан е голема желба на Антонио Конте но проблем се парите бидејќи рома е упорна откако и Манчестер Ј. се вклучи во трката за играчот од средниот ред на „Волчицата“. 
Наинголан од 2014 година е во Рома а претходно играше за Пјаченца и Калјари.