Челзи и Мудрик ќе соработуваат за да се утврди причината за позитивниот допинг тест на фудбалерот
Премиерлигашот Челзи попладнево се произнесе во врска со позитивниот допинг тест на украинскиот фудбалер за врска на тимот Михаил Мудрик.
За позитивниот допинг тест на 23-годишниот фудбалер стана познато претпладне. Во неговиот допинг тест „А“ е пронајдена забранета супстанција. Примерокот „Б“ се очекува да биде отворен во наредните денови. Доколку вториот тест е позитивен, играчот се соочува со четиригодишна дисквалификација.
-И клубот и Михаил целосно ја поддржуваат програмата за тестирање на Фудбалската асоцијација. Сите наши играчи, вклучувајќи го и Михаил, редовно се тестираат. Михаил категорично потврди дека никогаш свесно не користел забранети супстанции. Сега и Михаил и клубот ќе соработуваат со надлежните органи за да дознаат што го предизвикало позитивниот резултат од тестот. Клубот повеќе нема да дава дополнителни коментари, се вели во соопштението на лондончани.
Мудрик игра за Челзи од јануари 2023 година. Оваа сезона одигра 15 натпревари на кои постигна три гола и забележа пет асистенции.
Ново на Сител
-
Осомничениот за нападот во Магдебург дејствувал сам, соопшти полицијата
-
Рама: Тик Ток повеќе нема да постои во Република Албанија
-
Пентагон соопшти дека е убиен еден од лидерите на „Исламска држава“
-
Божиќна порака на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов
-
Претреси во Тетово и тетовско, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника | ФОТО
-
Анкета на МКД.мк - убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски
-
Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата
-
„ЕУ Обсервер“: Одложувањето на проширувањето на ЕУ ја зголемува економската нееднаквост на Балканот