-->
-->
Челзи за Мората нуди 80, Реал бара 90 милиони евра
-->
Англискиот шампион Челзи е во потрага по напаѓач, а првата опција е фудбалерот на Реал Мадрид, Алваро Мората за кого премиерлигашот е подготвен да плати 80 милиони евра.
Од друга страна, шпанскиот и европски шампион за Мората бара 90 милиони евра и останува да се види дали двата клуба ќе постигнат договор.
Челзи не успеа на „Стамфорд Бриџ“ да го донесе Ромелу Лукаку од Евертон, па менаџерот Конте посакува Мората да го има во своите редови. Конте со овој играч соработуваше и во Јувентус кога успеа да го ангажира како позајмен играч од Реал.
Англиските медиуми информираат дека големи се шансите Мората да се пресели во Лондон, а доколку и овој трансфер не успеа, Челзи ќе се „сврти“ кон Пјер-Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд, кој е желба и на Милан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи
-
Кандидатите за членови на Судски совет ќе чекаат нова сеница за да дојдат на дневен ред
-
Преглед на вести од светот
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот