-->
-->
Червар: Домаќинот повеќе ја посакуваше победата од нас
-->

Македонија повторно поразена се враќа од гостувањето во Полска. Во Плзен, Чешка славеше со 35:28, а селекторот Лино Червар истакна:
- Секако дека очекував повеќе, одбраната не беше добра и тоа што е најлошо, а од друга страна најпозитивно, младите не „извлекуваа“. Значи оние кои најмногу требаа да се покажат „потфрлија“. Истотака ако нема добра зона тешко дека ќе можете да се одбраните. Во некои делови одбраната беше добра, но имаше лош почеток, многу широка, не агресивна. Она за што ми е криво мислам дека домаќинот повеќе ја посакуваше победата од нас. Нивната борбеност беше одлична, на одбиени топки тие се „фрлаа“, а нашите само гледаа.
Од Плзен, Марјан Ников
фото: Игор Паневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Неколку експлозии во Ерусалим по предупредувањето за ракети испукани од Иран
-

Иран му одговори на Трамп со најава за напад врз постројките за десалинизација во регионот
-

АХВ не дозволи влез на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар
-

Трамп му се закани на Иран со напади врз електраните ако блокадата на Ормуската Теснина не се укине во рок од 48 часа
-

Владата на седница ќе донесе мерки за ублажување на ценовниот скок на горивата
-

За околу 20 проценти зголемен бројот на корисници на интернет преку оптичка мрежа
-

Месечно на мобилен 105 повика и 3,8 часа разговор
-

УХМР ќе го одбележи Светскиот ден на водите
