Червар: Многу ќе зависи од нашата одбрана

Македонскиот престваник во Лигата на шампионите Металург во сабота ќе го игра третиот натпревар од оваа сезона во Лигата на шампионите. По стартниот пораз од Мотор на гости, минатата сабота Металург во Скопје го победи Кадетен Шафхаузен (28:24), а запиша и две победи во домашната лига (Вардар Јуниор и Работнички).
- Не очекува тежок натпревар на кој многу ќе ни треба поддршка од навивачите. Сакам да ја искористам оваа прилика да ја повикам публиката да дојде во што поголем број. Играчите знаат дека со играта и борбата на теренот треба да им се оддолжат на оние што ќе дојдат да ги бодрат. Се гледа дека нашите млади играчи ја привлекува публиката, рече хрватскиот стратег на денешната прес-конференција и додаде дека сите што ќе бидат во салата ќе треба да се трпеливи.
Според Червар, Металург во играта ќе има и падови и, како што рече, не може само да се победува.
- Јас им велам на моите играчи „или бори се или бегај“. Тоа е нашата сила, мора да се бориме, истакна Червар.
Натпреварот Металург – Елверум се игра в сабота со почеток во 17:30 часот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Скандалозна е одлуката на Обвинителството за случајот со модуларните болници
-

43 заразени од западнонилска треска, откриен вирусот и кај мртов гарван во Скопје
-

Од утре температури над 40 степени, а потоа следува заладување
-

Град Скопје со мерки за контрола и намалување на трошоците за возниот парк
-

Нови колони на Табановце: Отворени осум пункта за наплата на казни
-

Обновливите извори се уште не се доволни, јагленот и натаму останува главен енергенс за производство на струја
-

МВР: Цивилните дронови веднаш да се приземјат при појава на полициски хеликоптер, во спротивно следи кривична
-

Миланов и Серафимовски во Србија: Зајакнување на соработката и олеснување на прометот на животни и производи меѓу двете земји
