-->
-->
Червар: Публиката е заслужна за нашата победа против Горење
-->

Ракометарите на Металург со победа над Горење 28-26 го зокружија својот настап на домашен терен. Тренертот на Металург и македонски селектор, Лино Червар смета дека покрај борбеноста која ја прикажаа неговите избраници во второто полувреме, голема заслуга за победата имаат и навивачите на тимот од Автокоманда.
- Горење во поголемиот дел од средбата имаше предност.Знаев дека во второто полувреме без поголемо залагање не ќе можеме да направиме пресврт. Одигравме поконцентрирано и поборбено, па тоа стана решавачко за пресвртот. На крајот, кога успеавме да го свртиме мечот во наша полза, покажавме дисциплина и покажавме дека мечот никогаш не беше готов. Голема заслуга за нашата победа има публиката. Драго ми е што на домашен терен ја завршивме СЕХА лигата со победа. Тоа е сигурно убава работа. Наше е да продолжиме да се бориме и на последните два меча, изјави Червар по натпреварот.
И младиот голман на Металург, Мартин Томовски не го криеше задоволството од победата во последниот меч пред домашната публика.
- Желбата за победа беше поголема кај нас. На почетокот отворивме лошо, но во вториот дел се стабилизиравме. Се играше гол за гол, за крајот ние да се радувавме. Мило ми е што е така, затоа што ова беше последен дуел од СЕХА-лигата на домашен терен за нас во оваа сезона, изјави Мартин Томовски.
На металург му преостануваат уште два натпревари во СЕХА конкуренцијата и тоа на гостински терен против Извиѓач на 28 фвруари и Нексе на 7 март.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп го прекина интервјуто за Ен-би-си, ги нарече медиумите „расипани“
-

Во Скопје во еден ден пронајдени тројца починати мажи
-

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, пет биле без возачка дозвола
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
