Тенис
14. November 2016 - 8:22

Чешка со пехарот во Фед купот

Женската тениска репрезентација на Чешка синоќа во финалето на Фед купот ја победи Франција со 3-2 и со тоа ја одбрани титулата во ова натпреварување. Ова беше петта титула за Чешка во последните шест години.
 
Во решавачкиот меч во двојки Барбара Стрицова и Каролина Плишкова ги победија Каролина Гарсија и Кристина Младеновиќ со 7:5 и 7:5 во сетови.
 
По првиот ден резултатот беше 1-1 во победи.
 
Франција поведе со 2-1, откако Гарсија ја победи Плишкова со 2:1 во сетови, а потоа Стрицова беше подобра од Ализ Корне со 2:0 во сетови, по што следуваше пресудниот меч во двојки.