Чешките приоритети со претседавањето со ЕУ пред пратениците
– Амбасадорот на Чешката република во Северна Македонија Јарослав Лудва утре во Собранието, пред членовите на Комисијата за европски прашања ќе ги претстави приоритетите на неговата земја со ЕУ.
![]()
Лудва, како што е наведено на собраниската веб-страна, ќе ги презентира Програмата и Приоритетите за работата на чешкото претседателство со Советот на Европската унија за периодот јули – декември 2022 година.
Мотото на чешкото претседавање е „Европа како задача: преиспитај, обнови, зајакни“, а нејзините приоритети се управувањето со размената на бегалци и повоената реконструкција на Украина, енергетската безбедност, зајакнувањето на европските одбранбени капацитети, отпорноста на европската економија и демократската институции.
За 18 години, колку што е членка на ЕУ, Чешка по вторпат претседава со Унијата.
Ново на Сител
-

Модриќ става крај на кариерата по СП 2026
-

Општина Дебар успешно ја реализираше првата фаза од дератизацијата и дезинсекцијата
-

Израел нареди евакуација на 20 градови и села во јужен Либан
-

Лишени од слобода две лица од скопско, при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушки
-

СВР-Струмица поднесе кривични пријави против три лица за „лихварство“, „изнуда“ и „тешка кражба на дрзок начин“
-

Истрага за сексуална злоупотреба на 12-годишно девојче во Битола
-

Ѓорѓиевски: Целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково
-

По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
