Честитка од Ахмети по повод Божик

Лидерот на ДУИ Али Ахмети упати честитка до православните верници по повод големиот христијански празник Рождество Христово - Божик.
- Имам чест и задоволство, во име на сите нас при Демократската унија за интеграција и во мое лично име да ги изразам нашите искрени честитки по повод светиот празник Божик. Почитувани сонародници, браќа и сестри Албанци од православна христијанска вера, овој празник на надежта и вербата не наоѓа во момент кога во Собранието на Република Македонија, сега веќе, имаме и еден пратеник православен Албанец. Со гордост го нагласувам овој факт како еден пример на нашата вековна традиција на хармонија, почит и братство. Со надеж и доверба дека оваа година ќе биде година на меѓуалбанската соработка, ви посакувам среќен Божик, здравје, благослов и среќа во вашите семејства, се вели во честитката од Ахмети по повод Божик.
Ново на Сител
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Поплава во ТППЕ Прилеп
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Пропадна обидот на Левица за опозициски состанок за Изборниот
-

Ново видео со врсничко насилство
-

Запален автомобилот на обвинетиот судија Ѓоко Ристов
-

Градежно вештачење за „Пулс“, безбедноста целосно игнорирана
