Честитка од Божиновска по повод Рамазан Бајрам

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, по повод празникот Рамазан Бајрам.
- Празникот Рамазан Бајрам е радост за сите муслимански верници, вдахновение на љубовта, верноста, мирот, како и поттик за воспоставување на што подобри односи со блиските, пријателите и со сите луѓе со добра волја. Големата духовна сила и цврстата волја кои следуваат по триесетдневниот рамазански пост, самоуверено и храбро да Ве водат кон споделување на вистинските вредности на семејната блискост, љубовта и меѓусебното пријателство и со припадниците на другите вери и традиции, се вели во честитката.
Нека овој Рамазански Бајрам, се наведува во честитката, уште еднаш нè потсети на трајноста на овие духовни вредности и дека само со нивно негување, и исполнетост со меѓусебно почитување, толеранција и соработка, можеме да придонесеме за темелен напредок во нашиот живот и во нашето општество.
- Ви го честитам Рамазан Бајрам и Ви посакувам деновите на овој голем празник да ги поминете во кругот на Вашите семејства и домови во добро здравје, расположение и среќа. Честит Рамазан Бајрам - Бајрам Мубарек, стои во честитката од Божиновска.
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
