Честитка од Џафери по повод Меѓународен ден на Ромите
Претседателот на Собранието Талат Џафери по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април денеска упати честитка до припадниците на ромската заедница во земјава.
-Ми претставува чест и задоволство од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од свое лично име да Ви го честитам овој важен ден за ромската заедница, полни 31 година од прогласувањето на 8 Април за Светски ден на Ромите од страна на Обединетите нации, 51-година од првиот Ромски конгрес од 1971 година, и секако, 21 година од впишувањето на Ромите во Уставот на Република Северна Македонија, вели Џафери во во честитката.
Џафери во честитката посочува дека ова се значајни датуми за ромската заедница, но, позначајна е нивната интеграција, нивниот придонес во сите промени, како и тоа колку општеството беше отворено за оваа заедница.
-Нашето мултикултурно, мултиконфесионално и мултиетничко општество не е целосно и комплетирано доколку Вашата силна и исто толку широка душа не би го збогатувала секојдневието со својата живост и во најтешките времиња. Затоа што едно е сигурно, промените, добрите или лошите влијанија, не ве заобиколуваат туку напротив, оставаат трајни белези и врз Вас како и врз секој друг граѓанин на Република Северна Македонија, напиша Џафери.
Претседателот на Собранието порача оваа година да биде година на промени кон подобро за сите граѓани.
– Нека оваа година биде година на промени кон подобро за сите граѓани на Република Северна Македонија, нека биде година во која ромската заедница и самата ќе си го отвора патот кон подобрување на квалитетот на живот за себе, за своите деца. Наша обврска како држава и државни институции и народни избраници е да бидеме до Вас во секој чекор напред. Честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите!, се наведува во честитката од Џафери по повод Меѓународниот ден на Ромите.
Ново на Сител
-

ЈСП„Скопје“: Ќе се утврди причината за пожарот на автобусот, благодарност до возачот за брзата реакција
-

На ГП Табановце и ГП Блаце за излез од државата се чека до еден час
-

Општина Центар почна со расчистување диви депонии и наталожен отпад
-

Нема повредени во запалениот автобус на ЈСП „Скопје“ на Средно Водно, возачот спречил поголем пожар
-

Густ чад над Водно: Гори двокатен автобус
-

Градски воз од 1 септември од Зелениково до Скопје
-

Лишени од слобода три лица во Гостивар, пронајдена марихуана
-

Невреме и во Чешиново-Облешево, надлежните служби на терен ги санираат штетите
