Честитка од Груевски по повод Меѓународниот ден на Ромите
Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ Никола Груевски лично и од име на партијата на сите припадници на ромската етничка заедница им го честита 8 април - Меѓународниот ден на Ромите.
Годинашната прослава е 10-та и јубилејна прослава на празникот на ромската етничка заедница во Република Македонија, вели Груевски и потенцира дека 10 години заеднички се прославува и работи за подобра иднина на Ромите и севкупно за подобра иднина на граѓаните на Република Македонија.
- Зад нас стојат многу проекти за поголема вклученост на младите Роми во основното, средното и високото образование, подобрени услови за изучување на ромскиот јазик, многу проекти за нови училишта, бесплатни учебници, бесплатен превоз и голем број мотивирачки стипендии за младите. Зад нас стојат многу проекти за поддршка при вработувањето на Ромите, поддршка за почнување сопствен бизнис, поддршка за подигнување на свеста за грижа за сопственото здравје, за правата и можностите во делот на здравството, социјалната политика, правото, културата и уште многу други полиња од значење за луѓето. Заеднички реализиравме многу, но нè чека уште многу повеќе, уште многу работа и уште многу труд за да продолжиме да напредуваме, да продолжиме да остваруваме и да помогнеме на што е можно повеќе граѓани од Република Македонија, стои во честитката од Груевски.
Честитајќи го денешниот празник тој изрази надеж дека со заеднички напори и со цврста волја, како што вели, ќе продолжиме да работиме за доброто на нашиот народ, за доброто на нашата држава, за стабилна, просперитетна и напредна Република Македонија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален