Честитка од Груевски по повод Националниот ден на Власите
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска упати честитка по повод 23 мај - Националниот ден на Власите до сите припадници на оваа етничка заедница.
- Влашката заедница претставува дел од историјата и културата на Република Македонија. Овој празник ја одбележува влашката култура и традиција, а секако и слогата и соживотот граден со децении наназад на територијата на Македонија. Власите во Македонија секогаш давале придонес во заедничкиот развој и во трасирањето на заедничката иднина и со тоа позитивно ја афирмирале влашката етничка заедница, влашката култура и посебност, со што директно се продолжува позитивниот континуитет на претходните генерации и успешно се трасира патот за нашите идни генерации. Со празнувањето на овој празник се одбележува посебноста на влашката заедница и се негува културата и традицијата, вели Груевски во честитката.
Во неа тој изразува надеж „дека и во иднина заеднички ќе продолжиме да ја градиме нашата држава, да создаваме иднина за следните генерации“.
Ново на Сител
-
Обвинителството поднесе обвинение за убиството на Вања и Панче
-
Уставниот суд избира претседател
-
Општина Штип за првите 4 месеци прибра 30% за данок на имот
-
Волонтерите од Црвен Крст од Струмица со мали проекти ги поттикнуваат хуманите вредности во заедницата
-
Преглед на вестите од светот
-
Таравари е против нови избори во Гостивар
-
Владејачките партии се соочуваат со изборниот пораз
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ