Честитка од Иванов по повод Денот на албанската азбука

Претседателот Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на 22 Ноември – Денот на албанската азбука, денеска упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија.
- Денеска се одбележува Денот на создавањето на албанската азбука. Овој ден се смета за еден од клучните настани за себеидентификација и за промовирање на албанската национална мисла. Идентитетот на народот тесно се поврзува со континуитетот на традицијата. Унифицирањето и стандардизирањето на азбуката е еден од основните елементи со кои се гради културолошката и колективната свест. Негувајќи го јазичното и културно богатство се остава трајно сведоштво за културната и национална особеност, се вели во честитката од Иванов.
Заклучоците од Битолскиот конгрес, како што се наведува, на кој се прифатила латиницата со извесни промени на буквите адаптирани на особеностите на албанскиот јазик, говорат дека право и должност на секој народ е да ја негува и да ја унапредува традицијата, поистоветувајќи го јазикот како најголемо духовно богатство.
Претседателот Иванов во честитката потенцира дека можностите за образование и за творење на својот мајчин јазик се вредности кои го јакнат и културниот плурализам во земјава.
- Во оваа пригода на припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија сакам да им го честитам празникот на азбуката, а на сите граѓани сакам да им порачам дека книжевното наследство и континуитетот на традицијата се должности кои мора да ги исполниме како влог за просперитетна иднина и за соживот меѓу сите граѓани во Република Македонија, стои во честитката на претседателот Иванов.
Ново на Сител
-

Од утре променливо време со дожд и грмежи
-

Трошоците на животот во април на годишно ниво зголемени за 5.7 %, а цените на мало за 5.0 %
-

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-

Мицкоски: Според применетите мерки, како држава сме во првите три во Европа, тоа го потврди и ММФ
-

Раст на БДП од 3,5 отсто во 2026 година и 3,8 отсто во 2027, инфлацијата годинава ќе биде околу 4 проценти
-

На ГП „Блато“ за четири месеци минале 496.705 патници или 49 отсто повеќе од истиот период лани
-

ЕУ лани регистрирала 540 обиди за странско мешање, често поврзани со Русија и Кина
-

Теорија на заговор: Синот на Доналд Трамп е патник низ времето
