Честитка од Иванов по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Македонија.
- Празнувањето на 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците е симбол на длабока почит што Република Македонија ја има кон сите своите граѓани. Себеидентификацијата претставува основно, загарантирано и неотповикливо човеково право кое е столбот на кој се темели нашата заедничка држава, вели Иванов во честитката.
Негувањето на културните различности и традиции, додава македонскиот претседател, е всаденo во кодот на Република Македонија.
- Принципите на меѓусебна почит, заедништво и разбирање се вредности кои сите ги споделуваме и благодарение на нив успешно градиме иднина која ја посакуваме за себе и за своите деца, вели Иванов и додава дека бошњачката заедница дава огромен културен и економски придонес во развојот на демократска, развиена и модерна Република Македонија.
Ново на Сител
-

Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста
-

Муцунски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер
-

Уапсени седум лица, сузбиена организирана криминална група што недозволено тргувала со дрога | ФОТО
-

Намален бројот на ученици во основните училишта
-

Угостителски услуги во периодот јануари - март поскапеле за 3.0 % во однос на лани
-

Трамп за најавениот напад врз Иран: Вечерва ќе умре цела една цивилизација, која никогаш нема да се врати
-

Го оштетиле буџетот за 6,5 милиони евра, обвинети 25 лица меѓу кои службеници во УЈП
-

61 годишник натепал контролор на ЈСП откако го затекнал без билет
