Честитка од Јолевски по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, министерот за одбрана Зоран Јолевски упати честитка до сите верници од православна вероисповест.
- Денес оддаваме највисока почит кон небесното вознесение на Пресвета Богородица. Нејзината праведност, љубов и грижа е пример за достоинствен живот на кој сите христијани се стремат, стои во честитката.
Министерот Јолевски на сите верници им посакува празникот да го минат во мир, почит и благосостојба во семејството.
- Водејќи се по примерот на најголемите доблести на Пресвета Богородица посакувам да го поплочите својот пат и да го живеете животот во добрина, љубов и почит кон сите луѓе. Нејзините дела нека ни се водилка низ секојдневниот живот, стои во честитката од Јолевски.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Украина и Молдавија немаат опозиција како СДСМ
-

Почна расправата за законот за правична застапеност
-

Фрчкоски: Две омилени тендерски фирми на ВМРО свртеле над 5,3 милиони евра за 2 години
-

Јавна трибина за подигнување на свесноста за органодонорство
-

Исплата на субвенции за земјоделците
-

Административците ќе се обучуваат за почитување на правата на граѓаните
-

ВМРО-ДПМНЕ ќе слави роденден на стадионот во Струмица
-

Пожарите не стивнуваат во штипско
