Честитка од КОВЗРГ за празникот Свети Кирил и Методиј и Денот на сесловенската писменост
По повод големиот црковно-државен празник свети Кирил и Методиј и Денот на сесловенската писменост, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Даријан Сотировски упати честитка до Aрхиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и до свештенството и монаштвото и до граѓаните од православна вероисповед.
– Делото на светите солунски браќа Кирил и Методиј во вечноста одекнува како рамноапостолно и свето дело на македонските сесловенски просветители кои ги издигаат словенските народи, давајќи им писменост и проповед на христијанството.
Како православен македонски народ, денес чувствувајќи радост, да размислуваме за големината на делото со кои не задолжија Светите Кирил и Методиј, па обединувајќи се во верата и вистинските добродетели да ја искажуваме нашата искрена благодарност.
Дозволете да Ви го честитам празникот посветен на Светите Кирил и Методиј и Денот на сесловенската писменост, се наведува во честитката од директорот на (КОВЗРГ) Даријан Сотировски.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ