Честитка од МД „Илинден“ по повод Курбан бајрам
Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо упатија честитка по повод еден од најголемите муслимански празници Курбан бајрам.
Имајќи ја во предвид состојбата со коронавирусот, во неа се посакува, празникот да биде одбележан во кругот на семејствата, во духот на спокојството и меѓусебна солидарност.
-Почитувани верници со исламска вероисповед во Република Македонија, во Република Албанија и во целиот свет, празнувањето на Курбан бајрам, поминете го со пораки за добро здравје, среќа и бериќет во семејствата. Вашите мисли и срца нека бидат свртени кон мирот, радоста и заедништвото, како основни вредности за меѓусебно почитување. Во духот на празникот, споделете ја среќата и радоста со сите оние на кои им недостасува, зошто тоа е една од најголемите хумани вредности. Светлината на овој празник нека израдува секого, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и на огранокот Или Халилај.
Се посакува добрата мисла и добрите човекови дела, да владеат како за празникот, така и во текот на целата година, Бог сите домови да ги исполни со радост а човечкото срце со добрина во деновите на празникот, но и секој ден.
Ново на Сител
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК