Македонија
20. August 2018 - 13:37

Честитка од министерот за култура Адеми по повод Курбан Бајрам

Министерот за култура Асаф Адеми денеска упати честитка по повод празникот Курбан Бајрам до сите верници од исламска вероисповед.
 
- Курбан Бајрам, како највозвишена метафора на пожртвувањето, претставува безвременски повик кон човекот дека само несебичното пожртвување произведува вечни вредности. Посакувам овој Бајрам да биде ваква лекција, вели министерот Адеми во честитката по повод Курбан Бајрам.