Честитка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ за празникот Голема Богородица

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на граѓаните на Република Македонија од православна вероисповест им го честита големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.
- На овој голем празник православните христијани во Република Македонија го слават денот на големата заштитничка на нашиот народ Пресвета Богородица. Денес е денот кога мајката Божја не потсетува на безрезервната љубов и мајчинската грижа, трпеливоста, мирот и скромноста, чистината на човечката душа, но и не води кон вистинскиот пат по кој треба да чекори секој еден човек, секој еден христијанин, стои во честитката.
Празнувајќи го овој голем ден, се посочува, покажуваме почит кон делото на мајката Божја кое низ вековите е длабоко вкоренето во нашата традиција и култура и токму тоа е она што ни дава духовна сила и не води кон патот на радоста.
- На овој ден мора да покажеме разбирање и толеранција, да научиме да простуваме и да сакаме, да ги почитуваме највисоките морални вредности бидејќи само тоа е клучот кој води кон исполнет и среќен живот, се подвлекува во честитката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ по повод христијанскиот празнхик Успение н пресвета Богородица.
Ново на Сител
-

СП 2026: Холандија со победа над Тунис го потврди првото место во групата
-

Најмалку 188 жртви од двата земјотреса во Венецуела, над 40.000 лица се исчезнати
-

Тошковски на официјалното затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици
-

Собранието ќе ја почне 108-та седница
-

Лов на отровната морска риба во Грција, рибарите ќе добиваат 5,33 евра за килограм
-

Во Црна Гора уапсен ирански хакер, кој ги оштетил САД за 3,4 милијарди долари
-

Зеленски: Одобрив 40-дневна операција за да ја принудиме Русија да ја заврши војната
-

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне услови за локална нестабилност
