Честитка од премиерот Димитриев по повод католичкиот Божик
Премиерот Емил Димитриев од лично и од име на Владата на Република Македонија упати честитка по повод католичкиот Божик до Киро Стојанов, скопски бискуп и апостолски егзарх во Македонија, до свештенството и монаштвото и до сите верници од католичка вероисповед.
- Со векови наназад, празнувањето на Раѓањето Христово претставува особен симбол на христијанството. Со самото доаѓање на нашата земја, со неговата пожртвуваност и милосрдие, Синот Божји влеа надеж, верба и утеха на измаченото човештво. Токму затоа, Божиќ е празник кој нè учи да одиме по трагите на вистината, празник кој нè учи како се подарува љубовта, добрината, меѓусебното почитување и разбирање. Поради тоа, како и сите години претходно, така и оваа, да ги отвориме своите домови и вратите на своите души за светлината која доаѓа. Бог е со нас, а симбол на таквиот дар е Христовото раѓање, пишува Димитриев во честитката.
Тој поакува вредностите кои ги прославуваме славејќи го празникот да ни дадат сите нам сила, мудрост и инспирација за, како што вели, да продолжиме да работиме во интерес на граѓаните и нашата земја, за економски раст, подобрување на стандардот на граѓаните и унапредување на сите општествени сфери, за меѓусебно почитување и соработка помеѓу граѓаните и продолжување со изградба на напредна Република Македонија.
- Нека е за многу години денот. Со радост и добрина да ја споделиме љубовта Божја. Ви посакувам светлина и топлина во Вашите домови, бериќет и верба во себе и другите. Ви го честитам Божиќ и Ви посакувам убави празнични денови, многу здравје, многу радост, успех и благосостојба во наредната 2017 година. Христовата светлост нека ги осветли и стопли вашите срца и вашите домови. Бидете благословени. Нека Ви е честит и благословен големиот христијански празник – Божиќ, пишува во честитката на премиерот Димитриев по повод католичкиот Божик.
Ново на Сител
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат
-
Телешко месо во месарите по цена од над 800 денари за килограм, а фармерите со „кратки ракави“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно